Почна изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ги гради компанијата „Сол хидропауер" ДООЕЛ Скопје, во Општина Теарце. Со оваа компанија Министерството за економија има потпишано четири договори за концесија на вода, на водотекот на реката Бистрица, каде веќе се почнати подготвителни активности за нивна изградба. Во општина Теарце, овој концесионер ќе изгради вкупно 3 мали хидроелектрични централи со вкупен инсталиран капацитет од 7,5 MW, при што очекуваното годишно производство е проценето на околу 28 GWh, а големината на инвестицијата би изнесувала околу 15 милиони евра. Тој додаде дека согласно обврските од договорите за концесија, концесионерот ќе уплаќа годишен надоместок за концесија во висина од 2% од остварениот приход од продадената електрична енергиј,а а почнувајќи од 2016 година, 50% од овие 2% ќе одат во буџетот на општина Теарце.
Почна изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ги гради компанијата „Сол хидропауер" ДООЕЛ Скопје, во Општина Теарце.
Со оваа компанија Министерството за економија има потпишано четири договори за концесија на вода, на водотекот на реката Бистрица, каде веќе се почнати подготвителни активности за нивна изградба.
„Во општина Теарце, овој концесионер ќе изгради вкупно 3 мали хидроелектрични централи со вкупен инсталиран капацитет од 7,5 MW, при што очекуваното годишно производство е проценето на околу 28 GWh, а големината на инвестицијата би изнесувала околу 15 милиони евра", информираше министерот за економија Ваљон Сараќини.
Тој додаде дека согласно обврските од договорите за концесија, концесионерот ќе уплаќа годишен надоместок за концесија во висина од 2% од остварениот приход од продадената електрична енергиј,а а почнувајќи од 2016 година, 50% од овие 2% ќе одат во буџетот на општина Теарце.
Во насока на локалниот и регионалниот развој Министерството за економија потпиша и четири Договори за концесија за вода за изградба на четири мали хидроцентрали на река Одранска, со компаниите СУПЕР НОУВА ЕНЕРГИ ДООЕЛ Тетово и ЕМК Мали хидроелектрани ДООЕЛ Скопје, со вкупен инсталиран капацитет од 3,4 MW, очекувано годишно производство од околу 14 GWh,и висина на инвестиција 7 милиони евра.
„Со изградбата на овие 7 мали хидроелектрични централи во општина Теарце ќе се инвестираат над 22 милиони евра и тоа во наредните 2 - 3 години. Градежните активности во кои спаѓа околу 70% од инвестицијата ќе се реализираат од домашните локални компании, со што ќе заживее локалната економија. Секако, очекуваме и нови вработувања, како во фазата на изградба на малите хидроцентрали, така и во фазата на одржување, кога истите ќе бидат ставени во функција", истакна министерот за економија.
Од вкупно 70 потпишани Договори за концесија за мали хидроелектрични централи,со инсталиран капацитет од 60MW и инвестиција која се проценува околу 120 милиони евра, во моментот изградени се вкупно 11 мали хидроелектрични централи и истите веќе произведуваат електрична енергија и ја предаваат на мрежа, а во изградба се уште 20-тина мали хидроелектрични централи и истите се очекува да бидат пуштени до крајот на 2013 година и почетокот на 2014 година.